Утрински Весник
Македонија

(Видео) Српска министерка: Србите и Македонците се дел од ист корен и исто стебло, ќе има ли реакција од МНР?

Screenshot 2025 09 08 135447.png

Српската министерка за вработување и социјални прашања Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски како дел од српската владина делегација учествуваше на манифестацијата за одбележување на пробојот на Солунскиот фронт од страна на српската армија за време на Првата светска војна која се одржа во Битола и на врвот Кајмакчалан.

Во своето видео обраќање српската министерка и претседателка на партијата „Заветници“ која е во коалиција со СНС изјави дека ѝ било чест што ја предводи српската државна делегација во Битола.


Но зборувајќи за близина на македонскиот и српскиот народ, Ѓурѓевиќ – Стаменковски посочи дека тие биле „од еден ист коре, од едно исто стебло“

„Србите и Македонците се дел од ист корен, од исто стебло, ние сме братки народ“ порачаа таа во видео обраќањето.

Колку и овие зборови да звучат додворувачки кон македонската јавност, со таква порака може лесно да се мине границата, односно свесно или несвесно да се спори посебноста и специфичноста на македонскиот идентитет.

Засега, за ваквата изјава на српската министерка нема реакција од Министерството за надворешни работи, а дали ќе ја има по продолжениот викенд останува да видиме.

Можете да прочитате

Активни пожарите кај Никуштач и селата Варвара и Драчевица, под контрола на Вардариште и близу Русиново

ЦУК: Активни шест пожари на отворено, еден е под контрола, а изгаснати се 21 пожари

Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите