Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги запустија општините

Trencevska.webp.webp

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, изјави дека во изминатите четири години локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги запоставила општините и не реализирала ниту едно стратешко ветување.

„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги запустија градовите. Наместо капитални проекти, граѓаните добија само неколку чешми и бекатончиња. Од ветеното – ништо“, рече Тренчевска во гостување на „Вести Плус“ на Канал 5.


Таа нагласи дека според анализите, СДСМ располага со силни кандидати за градоначалници во повеќе општини. Посебно ги посочи Крива Паланка, Валандово, Центар и Крушево, каде што, како што рече, актуелните градоначалници од СДСМ го промениле ликот на градовите и покажале што значи вистинско локално лидерство.

Можете да прочитате

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари