Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Муцунски со генералната директорката на Светската трговска организација, Нгози Оконџо-Ивеала

3 1 1.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Женева, во седиштето на Светската Трговска Организација оствари конструктивна средба со генералната директорката на Светската трговска организација, Нгози Оконџо-Ивеала.

Директорката ги поздрави економските и надворешно-трговските политики на Владата поврзани со странските инвестиции, пазарот на трудот, отвореноста на економијата, како и усогласеноста на државата со рамката на Светската трговска организација.


Министерот Муцунски истакна дека економските реформи се високо на агендата на Владата и ја подвлече посветеноста на државата за трансформација на економијата, во согласност со побарувачката на пазарот на труд и глобалните трговски пазари. Тој нагласи дека привлекувањето на странски инвестиции е силен приоритет, особено во секторите енергетика, фармација, одбрана и други области каде државата може да покаже високо ниво на конкурентност.

„Силниот ангажман на Владата за привлекување на странски инвестиции, членството во НАТО и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ се потврда дека државата е доверлив партнер и атрактивна локација за инвестирање. Ова дава резултати преку зголемен обем на реализирани странски инвестиции и позитивни економски показатели во делот на извозот”, додаде тој.

Соговорниците се согласија дека интеграцијата на Западниот Балкан неопходно е да добие поголема динамика, бидејќи тоа ќе значи реализација на нови стратешки проекти, поголем прилив на инвестиции, забрзан економски развој на државите и отворање пристап до нови пазари за домашните компании.

Министерот Муцунски на средбата говореше и за новите надлежности на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кое сега е одговорно за процесите, политиките и регулативата поврзани со надворешната трговија. Во оваа насока најави дека активното учество и засилената соработка со Светската трговска организација ќе бидат еден од приоритетите во следниот период.

Можете да прочитате

Хуман гест: Османи му притрча на помош на велосипедист удрен од автомобил (видео)

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ седум години ги оставија учениците без учебници

Во Битола Левица ќе го поддржи независниот кандидат Зоран Николовски