Утрински Весник
Македонија

Краткотраен топол бран од Африка ни носи засилен ветер и прашина од Сахара!

Meteoalarm.mk 45.png
Dik 300x250 mk

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, до петок (22 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и значително топло со појава на мала локална облачност а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен, а во петок (22 август) претежно од западен правец.

Во петок (22 август) ќе има и појава на умерена локална облачност а ќе има услови и за појава на локален краткотраен дожд. Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 37 степени.


Поради јужното и југозападното воздушно струење, во петок (22 август) над нашата Република Македонија ќе биде присутна Сахарска прашина и песок, со што атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно.

За време на викендот (сабота и недела 23/24 август) поради продор на посвежа воздушна маса од север температурите позначително ќе се намалат а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Исто така за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Можете да прочитате

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево

МВР: Добиени дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово