Утрински Весник
Македонија

Патот Македонски Брод – Скопје и натаму затворен поради пожар – На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути

Amsm.jpg

Регионалниот пат Македонски Брод – Скопје и натаму затворен за секаков вид на возила поради пожар во Националниот парк „Јасен“, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез е околу 30 минути, на ГП „Богородица” времето на чекање за излез изнесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Можете да прочитате

Ученичко насилство со нож ја потресе Македонија – обвинителството отвори постапка

Трипуновски: Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, станува збор за над 800.000 евра

(Фото) Мерцедес се заби во автобус на ЈСП кај Чаирчанка