Утрински Весник
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија, поројни дождови, силен ветер и град!

Meteoalarm.mk 39.png

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина, денес (недела 17 август) во попладневните часови локално, а утре (понеделник 18 август) на повеќе места ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. И во делови од Скопскиот регион во погоре споменатиот период ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.


Што се однесува до температурите, тие денес (недела 17 август) ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, а утре (понеделник 18 август) ќе бидат уште малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Поради многу нестабилното време апелирам во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно во случај на појава на невреме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили. Тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.

Можете да прочитате

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда

ДЗС: Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги