Утрински Весник
Македонија

Кампања на МВР и РСБСП за безбедно возење е-тротинети

Trotinet.jpg

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со заедничка кампања за намалување на бројот на повредени лица кои управуваат електрични тротинети.

Како што информираат од МВР, преку видео едукативен спот се укажува на законските обврски и препораки за безбедно возење со е-тротинети, се споделува лично сведоштво од лице кое доживеало несреќа со електричен тротинет, како и докторска експертиза за тешките последици од повредите настанати како резултат на несреќи со вакви возила.


– Целта на кампањата е да ја зголемиме свесноста, да поттикнеме одговорно однесување и да придонесеме кон побезбедно учество на електричните тротинети во сообраќајот – стои во соопштението.

Можете да прочитате

Филипче: Специјален закон за ветинг за сите функционери – од мене, до Заев, Шекеринска ама и Мицкоски

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Кузмановска: Дали на студент му се доволни 140 денари дневно?