Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните

20250813105128 big 730x400 20.webp.webp

Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните. Заедно да градиме и заедно да ги решаваме проблемите. Куферите кои си заминуваат немаат националност, истакна денеска во својот говор на настанот за одбележување на 24 – годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор премиерот Христијан Мицкоски.

– Како политичар не познавам мал или голем свет, ваков или таков, туку само еден свет – Македонија, дом на сите нејзини граѓани каде имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за сите нејзини граѓани. Заедно да градиме и заедно да ги решаваме проблемите. Куферите кои си заминуваат немаат националност. Луѓето си одат, и селата се празнат и Македонци и Албанци и Турци и Роми и Срби и Власи и Бошњаци и сите. Тоа се најдобра порака на народот спрема оние кои повеќе од 20 години манипулираат дека работат за нив, а постојано ги делат – рече Мицкоски во говорот.


Натпреварот, посочи тој, не е кој колку може да биде радикален или да се удира во гради со простдушен национализам, туку денеска битката е да ги решиме реалните проблеми, да обезбедиме подобри услови за живот, за работа, просперитет за секој Македонец, Албанец, Турчин, Влав и останатите други наши сограѓани.

На одбележувањето во Владата се обрати и вицепремиерот Изет Меџити.

Можете да прочитате

Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Стејт департмент: Закани, насилство и политички притисок врз медиумите во Македонија

Граѓанска победа: Багерите повлечени од Кожуф