Утрински Весник
Македонија

Битола почувствува земјотрес од 3.9 степени со епицентар во Грција

Deprem haftasi konulu fotograf ve yazi odakli sade instagram gonderisi.jpg

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, преку станиците инсталирани ширум територијата и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 13 часот и 07 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна Грција.

Епицентарот на потресот се наоѓал на околу 165 километри југозападно од Скопје, а според Рихтеровата скала, магнитудата изнесувала ML 3.9.


Според првичните податоци од опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван во Битола и околните места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Можете да прочитате

Даниловски за БСЖ-вакцината: Родителите да не паничат, одложувањето е мерка на претпазливост

Потребна ли е партиска книшка за место во студентски дом? Одговараат Конески од УМС и Кузмановска од СДММ

Конески: Да ги вклучиме младите во локалната власт и да им дадеме причина да останат во Македонија