Утрински Весник
Свет

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

20250510140656 big 730x400 98.webp.webp

Глад и болести се шират во воено разорениот Судан, 25 милиони луѓе се акутно загрозени од недостаток на храна, а речиси 100.000 случаи на колера се регистрирани од јули минатата година, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

„Континуираното насилство го доведе суданскиот здравствен систем на работ на колапс, дополнително влошувајќи ја кризата обележана со глад, болести и очај“, изјави Илхам Нур, виш службеник за итни случаи во СЗО.


„Гладот го влошува товарот на болестите“, рече таа, додавајќи дека се очекува околу 770.000 деца под петгодишна возраст да страдаат поради недостиг од храна оваа година.

Можете да прочитате

Почина 28-годишна вработена во руски институт за чума – СЗО го процени ризикот за Европа

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта

Неколку стотици илјади луѓе протестираа во Франција заедно со средношколците и студентите