Утрински Весник
Македонија

Џиновска крофна во центарот на Скопје – нова герила порака против корупцијата

1000032631.jpg

По Гостивар и Струмица, третата и последна герила акција од проектот „Младите луѓе во С.Македонија: Клучна алка во градењето општество без корупција” се реализираше во Скопје, на улица Македонија.

Овојпат, активистите поставија визуелна инсталација во форма на џиновска крофна – но со јасна порака:


*„Една четвртина од јавните пари се трошат на коруптивен начин.”*

Четвртината што недостасуваше од крофната симболично ја претставува дупката што корупцијата секојдневно ја прави во јавниот буџет – средства кои наместо за образование, здравство и инфраструктура, исчезнуваат во приватни џебови.

Преку овој креативен и визуелно силен перформанс, јавноста беше повикана да размисли за реалните последици од корупцијата и да се вклучи во барање отчетност и транспарентност од институциите.

Акцијата е замислена и реализирана во соработка со уметникот Никола Писарев од Центарот за современи уметности – Скопје, кој со својата креативна експертиза придонесе за оригиналноста и јасната визуелна порака.

Проектот се реализира со поддршка на Zivik Funding Programme на Германското Сојузно Министерство за Надворешни Работи, преку ifa – Institut für Auslandsbeziehungen, во партнерство со Аналитика Тинк Тенк, ОЖС – Организација на жени од Струмица и ИГИ Гостивар.

Со оваа акција завршува симболичната, но моќна серија на креативни јавни интервенции што имаа за цел да ги мобилизираат младите и јавноста во борбата против корупцијата.

Можете да прочитате

Од Ресен до Скопје – пратеник со 13.200 евра патни трошоци за една година

Избегнувајте го центарот на Скопје затворен е за снимање филм

(Видео) Вечерва полициска акција на кумановската патарина – застој во сообраќајот