Утрински Весник
Македонија

МВР предупредување за измама на социјалните мрежи

522608422 1048319677478559 6803670997415083876 n.jpg

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која се тврди дека некои малопродажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку “внатрешна програма” поради оштетена амбалажа.

„Ве известуваме дека станува збор за измама со цел да се привлечат граѓаните да кликнат на сомнителни линкови или да остават лични податоци.


Доколку забележите ваква објава:

НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави.

НЕ споделувајте лични информации.

НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба.

Компаниите за техника немаат тајни страници за “специјални” телефони, и не ги нудат производите преку социјалните мрежи или неофицијални канали.

Доколку видите вакви објави, пријавете ги веднаш во најблиската полициска станица“, соопшти МВР.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами, додаваат од МВР.

Можете да прочитате

Левица: Оставка од Трипуновски по двата големи скандали со поткуп во Министерството

По шест дена штрајк со глад: Сопругот на исчезнатата Злата итно хоспитализиран 

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро, ќе биде завршено во 2027 пред предвидениот рок