Утрински Весник
Свет

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

Sanctions.webp.webp

Авторите на новиот двопартиски предлог-закон за санкции кон Русија ги информираа европските сојузници и Украина за содржината на мерките, кои, според нив, ќе претставуваат „пресвртна точка“ во економскиот притисок врз Москва.

Законот, предложен од сенаторите Линдзи Греам (Републиканска партија) и Ричард Блументал (Демократска партија), предвидува воведување царини од 500 отсто на увоз на стоки од земји што продолжуваат да купуваат руска нафта, гас, уран и други ресурси.


Мерките најмногу ќе ги засегнат Кина и Индија – двата најголеми клиенти за руските енергетски производи, кои финансираат, како што посочуваат сенаторите, значаен дел од руската воена машинерија.

– Ова не е продолжување на сегашната стратегија. Ова е удар таму каде што најмногу боли, изјави Блументал. – Целиме на пазарот на (рускиот претседател Владимир) Путин, а тоа е токму она што најмногу им одговара на нашите европски партнери, додаде Греам.

Сенаторите се надеваат дека законот ќе биде ставен на гласање во Сенатот пред августовската пауза.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени