Утрински Весник
Македонија

АВМУ со осуда за физичкиоот напад врз новинарската екипа на Алсат-М во Визбегово

Avmu.webp.webp

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува физичкиот напад врз новинарската екипа на телевизија Алсат-М, која денеска го документираше пожарот кај депонијата во Визбегово.

„Безбедноста на новинарите претставува суштински предуслов за професионално и независно информирање, што пак е темел на правото на граѓаните да бидат точно, навремено и објективно информирани.


Неопходно е новинарите да имаат можност слободно и безбедно да ги извршуваат своите професионални обврски во интерес на јавноста и насилството врз медиумските работници, во каква било форма, е апсолутно неприфатливо и мора да биде јасно санкционирано“, велат од Агенцијата.

Можете да прочитате

Почина Дејан Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ

Приведени девет возачи, осум возеле без дозвола, од кои двајца малолетници, а еден со активна забрана

Одземен и однесен на вонреден технички преглед автобус кој превезувал ученици од екскурзија