Утрински Весник
Свет

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

20250708131305 big 730x400 73.webp.webp

Германското Министерство за надворешни работи ја обвини Кина дека насочила ласер кон германски авион кој учествувал во операција на Европска Унија – АСПИДЕС во Црвено Море.

– Изложувањето на германскиот персонал на ризик и нарушувањето на операцијата е целосно неприфатливо, објави германското МНР на Икс.


Исто така наведе и дека е повикан на разговор амбасадорот на Кина.

Мисијата АСПИДЕС придонесува за заштита на слободата на бродскиот сообраќај и поморската безбедност, особено во Црвено Море, Индиски Океан и Персиски Залив, во рамките на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик