
Соопштение за јавност на СДСМ:
Македонија тоне во нов бран на растечка инфлација, поради целосно промашената, аматерска економска политика на владата на Христијан Мицкоски.
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација е зголемена на 4,5 % – за толку се зголемени трошоците на животот во јуни 2025 година во споредба со јуни 2024 година .
Во истиот период цените на мало поскапеле за 3,7%. Статистиката не лаже – животот станува уште поскап, а инфлацијата притиска и ја опаѓа куповната моќ.
Додека Мицкоски се расфрла со лажни бројки за некави економски успеси, релноста во секој дом е сосема поинаква – празни паричници, скапи производи и семејства кои едвај преживуваат од ден за ден. Никогаш граѓаните не биле посиромашни, како сега.
Инфлацијата континуирано не само што го јаде семејниот буџет, платите, туку и економскиот раст. Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста.
Прво Мицкоски излажа за растот на БДП, не е 3,4% како што рече тој, туку 3%. Кога ќе се спореди со инфлација од 4,5% значи не само што нема раст, туку е негативен.
Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%.
Додека граѓаните прават математики дали и колку да купат храна или да платат сметки, власта и реблансот го скрои за сопствените трошоци и луксузирања. Нема пари за повисока минимална плата, но има пари за повисоки функционерски плати.
СДСМ континуирано предупредува на растечкиот тренд на инфлацијата и дека се потребни конкретни мерки. Сега повторно апелираме владата да преземе итни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и да ги покачи платите на работниците.