Утрински Весник
Македонија

Синдикатот на полицијата до Собранието достави барање за повисоки плати

516778546 1370450241192445 4120090645055156037 n.jpg

Денес Синдикатот на полиција во Македонија до сите пратенички групи во собранието и Комисијата за финансирање и буџет достави барање за поднесување на амандман за дополнување на буџетот на РМ за 2025 со кој платите на вработените во МВР од месец Август односно Септември 2025 година ќе бидат зголемени за минимум 10%„„

„Како што е веќе познато (член 142, 143 и 144 од ЗВР) со основната плата се вреднува образованието и сложеноста на работите на работното место утврдено со актот за систематизација на работните места, на кое работникот е распореден односно унапреден, неговото работно искуство, како и видот и позиционираноста на работното место согласно Класификацијата на работните места. (член 143 ст.1) Образованието и сложеноста од ставот (1) на овој член, се вреднуваат согласно Колективниот договор на Министерството, во зависност од видот и природата на работите што се вршат на работното место. Член 143 ст.2. Вредноста на бодот за пресметување на платите на работниците во Министерството, се утврдува од страна на министерот, во согласност со репрезентативниот синдикат (член 144 од ЗВР) кој во овој момент изнесува 35,47 денари по бод. 


Знаејќи го фактот дека полицискиот службеник “полицаец” со 520 бода и 35,47 денари вредност на бод се доаѓа до Основна плата на полицаец околу 18.444 денари што е за 5.935 денари помала од законскиот минимум на основна плата согласно Законот за минимална плата во Македонија.

 Се надеваме на позитивно разгледување на нашето барање кое веруваме ќе допринесе за подобар стандарт на вработените во МВР“ велат од Синдикатот

Можете да прочитате

Силен пожар го обви Скопје во чад и неподнослива миризба во повеќе населби

Полициските хеликоптери исфрлија повеќе од 70 тони вода во околината на Блаце

Експлозии на две буриња со хемикалии: Пожар во и надвор од кругот на фабриката за оружје и муниција во Самоков