Утрински Весник
Македонија

Филипче: Мицкоски е виновен што на Македонија повторно ѝ се оспорува идентитетот и јазикот

Krushevo mugra na slobodata 5.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Доколку македонскиот јазик биде тргнат од Извештајот на ЕУ виновен ќе биде само Христијан Мицкоски кој ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент за прашање кое беше затворено. Вечерва Венко Филипче од граѓанската трибина „Мугра на слободата” обвини дека за една година ВМРО-ДПМНЕ сите победи на СДСМ ги претвори во пораз.


„Последниот пораз најмногу боли. Очигледно македонскиот јазик ќе биде тргнат од извештајот на ЕУ. Заради теснополитички интереси тој одново Мицкоски ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент, прашање кое беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен Македонски јазик на Македонскиот народ. Мицкоски не може да го впери прстот кон никого за поразот кој Македонија одново го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани се виновни за оваа состојба” рече Филипче.

Притоа тој потсети дека СДСМ е таа која ја извојува победата во Брисел со потпишување на договорот за ФРОНТЕКС на чист, единствен и признаен македонски јазик без никакви придавки, фусноти и ѕвездички. 

„Тоа беше јасна победа за Македонија и граѓаните која Мицкоски никогаш не ја призна во опозиција. Тој беше разочаран заради тоа, молчеше и не се радуваше, сега е јасно зошто. Во услови кога нема со ништо што да се пофали за една година власт, Мицкоски реши победата да ја претвори во пораз поради негови лични интереси и поради потреба за политичка кампања. За жал, ваквото врховистичко однесување на Мицкоски, потпомогнат од Андреј Ковачев и пратениците на ЕПП во Европскиот Парламент сега е анулирана, а Македонија а на Македонија повторно и се оспорува идентитетот и јазикот”, заклучи Филипче.

Можете да прочитате

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!