Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните измени. Вели дека за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство во ЕУ да биде предвидлив, а актуелната власт е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат далекусежни последици.  

– Мислам дека нашите позиции се доста јасни и резултатот на претстојните локални избори нема да влијае врз тие позиции. Нема да влијае врз нашето очекување за предвидливост, нема да влијае врз нашето очекување дека кога нашиот сосед бара од нас одредени промени во делот на малцинските права, треба да очекува дека и ние ќе имаме некои очекувања дека од нивна страна ќе се почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), нашето очекување за поголема јасност во европските документи дека нема повторно да бидеме доведени во иста ситуација. Не е ова прва отстапка што се бара од нашата држава од ваков вид и да, процесот на европска интеграција на сите земји во сите фази на проширување бил тежок и комплексен, но ниту еден не бил како што е македонскиот случај и од таа гледна точка, не очекувам по локалните избори да има промена по однос на позицијата што ние како држава ја имаме по ова прашање, вели Муцунски во интервју за „360 степени“.


Актуелната власт, псоочува шефот на дипломатијата, е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат далекусежни последици. Дополнително, вели тој, за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство да биде предвидлив.

– Да знаеме дека доколку одлучиме да донесеме некоја крупна одлука којашто е тешка, којашто е комплексна и создава поделби во нашето општество, таа ќе биде последна од таков вид. Посебно по развојот на состојбите во рамките на АФЕТ, станува сè поочигледно, дека не се работи за уставни измени, туку за нешто покомплексно, посебно кога е во прашање односот на Бугарија кон македонското прашање – однос којшто навлегува во теми во коишто е неприродно да се навлегува во 21. век, посебно меѓу два НАТО-сојузника. Јас сè уште не можам да разберам што е тоа модерен македонски идентитет и модерен македонски јазик, како што има обид да се вметне во овој документ од Европскиот парламент и во таа смисла мислам дека во моментот, ценејќи ги околностите, не мислиме дека има создадено услови за уставни промени, бидејќи, очигледно е дека уставните измени се веројатно најмалото барање кое го има планирано Бугарија во однос на македонското прашање, вели Муцунски.

Министерот кажа и дека во сложено време на геополитичките состојби, безбедносно-стратешко прашање за Европската Унија е да го интегрира целосно регионот на Западен Балкан во Унијата и дека ЕУ треба да покаже дека нема да дозволува поединечни земји членки да ја попречувааат таа стабилност поради идентитетски прашања.

Тој најавува засилен процес на објаснување дека е застрашувачки како една земја членка на НАТО, свесно или несвесно, навлегува во наратив на дестабилизција на регионот, кој барем на европско тло и одговара единствено на Русија.

– Одговорноста во моментот е на нас, да се наоѓаaт решенија и компромиси и веќе една година работиме на тоа… Од наша страна постои искрена и посветена желба за компромиси. За жал, во последната година, таква желба од страна на Бугарија не видовме, да бидеме целосно искрени во еден период немаше ни влада, но во последните месеци дури има легитимна политичка влада во Софија не може да се види желба, вели Муцунски и додава дека ЕУ треба да го зграпчи геополитичкиот момент.

Можете да прочитате

Наместо „Пулс“, поради конфузија „пломбирано“ било кафулето на газда Деко, велат од УЈП

СДСМ: По една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е понижена и меѓународно заглавена

Toшковски: Дигитализација на процесот на издавање судски наредби за ПИ мерки помеѓу МВР, ОЈО и ОТА за поголема безбедност и доверба на граѓаните во системот