Утрински Весник
Свет

Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран

Nafta.webp.webp

Цените на нафтата паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави договор за прекин на огнот меѓу Иран и Израел, потег што ги намали тензиите на Блискиот Исток и ги смири очекувањата за можни прекини во снабдувањето со нафта.

Фјучерсите за сурова нафта од типот Брент паднаа за 2,08 долари, или 2,9 проценти, на 69,40 долари за барел, откако претходно се намалија за повеќе од 4 проценти на најниско ниво од 11 јуни. Американската лесна сурова нафта падна за 3 проценти на 66,48 долари за барел, што е најниско од 9 јуни.


Пазарите беа нестабилни во последните денови по американските напади врз иранските нуклеарни постројки и стравувањата од блокада на Ормутскиот теснец, стратешки воден пат низ кој минува речиси една петтина од светската нафта.

По ескалацијата на состојбата на Блискиот Исток, нафтата достигна петмесечни максимуми, но перспективата за дипломатско решение сега го враќа вниманието кон реалната понуда и пазарните рамнотежи.

Можете да прочитате

Стејт департмент: Претседателот е задоволен од прекинот на огнот

Тинејџер упатил смртни закани до Мората и неговото семејство

Над 40 деца и здравствени работници настрадаа во напад на болница во Судан