Утрински Весник
Македонија

За три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози, ги охрабруваме и другите истото да го направат

Vlada.webp.webp

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства која е во директна комуникација со Канцеларијата на Претседателот на Владата ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози.

Ова покажува дека оваа телефонска линија дава резултат и дека Владата е отворена за секаква сугестија и идеја.


Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства.

Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, токму поради тоа како Влада донесовме одлука за рехабилитација во Пониква на повредените лица кои се во стабилна здравствена состојба, но им е потребна дополнителна медицинска услуга.

Тим на лекари од 10 јуни до 20 август во рехабилитацискиот центар Пониква на сите лица ќе им пружат дополнителна медицинска грижа, но и психолошка поддршка.

Водено, ги повикуваме и ги охрабруваме сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби.

Владата е целосно отворена за соработка.

Продолжуваме да ја менуваме Македонија и да создаваме дела и резултати, во интерес на граѓаните.

Државата е на патот на промените, соопшти прес службата на Владата.

Можете да прочитате

Левица алармира за предизборен поткуп во Пробиштип – Македонци се пишувале како Роми за наводна социјална помош

Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

Трудовиот инспекторат не може да постапи по барањето на синдикатот за поништување на огласот со партиски вработувања во М-НАВ од Скопје, оти архиварката била на одмор