Утрински Весник
Свет

Трамп го нарече Маск „голем зависник од дрога“

Https d1e00ek4ebabms.cloudfront.net production 2e557bd1 7a42 4034 97ff d93986262c0e.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со соработници го обвини милијардерот Илон Маск за зависност од дрога, пренесе „Вашингтон пост“.

Се додава дека Трамп го опишал поранешниот шеф на Одделението за ефикасност на владата како „голем зависник од дрога“.


Маск претходно призна дека користи кетамин, кој му бил препишан од лекар, а „Њујорк тајмс“ неодамна објави дека сопственикот на Тесла користел големи количини кетамин, меѓу други наркотици, што довело до проблеми со мочниот меур.

Трамп изјави дека ќе има „сериозни последици“ за Илон Маск доколку го финансира демократскиот табор за да се кандидираат против републиканците кои го поддржуваат сеопфатниот буџетски закон на Републиканската партија.

Претседателот на САД исто така рече дека нема желба да го поправи односот со Маск по јавните расправии, велејќи дека смета оти нивниот однос е завршен.

Конфликтот започна откако Маск го критикуваше Трамповиот закон за трошење и даноци, кој има влијание врз бизнисот со електрични возила.

На тоа Трамп одговорил дека не е сигурен дали во иднина ќе има добри односи со Маск, а сопственикот на Тесла потоа го обвини републиканецот дека неговото име се наоѓа во документите на осудениот педофил Џефри Епштајн.

Можете да прочитате

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток

Велика Британија планира инвестиции од над 100 милијарди евра во наука, иновации и одбрана до 2030 година