Утрински Весник
Свет

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе успешно опериран по атентатот врз него

Uribe skrin.jpg

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе, кој беше застрелан во главата за време на митинг во Богота, успешно беше опериран по приемот во болница во критична состојба, соопшти градоначалникот на главниот град, Карлос Фернандо Галан.

„Мигел Урибе ја помина првата хируршка интервенција успешно“, изјави Галан, додавајќи дека 39-годишниот сенатор од Партијата на демократскиот центар влегува во „критичните часови“ на закрепнување, кои ќе бидат клучни за неговиот живот.


Полицијата уапси 15-годишен осомничен, кој испукал два куршума во главата на Урибе.

Можете да прочитате

Русија ја нападна Украина со 136 дронови

Над 100.000 Украинци не знаат дали ќе можат да останат во Америка

Пентагон најави пренос во живо на погубувањето на Нидал Хасан