Утрински Весник
Свет

Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе во Турција

Prolet cvekje buket cvetnici 1.jpg

Турските власти предвидуваат парична казна од 557.000 турски лири (околу 12.000 евра) за откорнување на ендемично растение што расте исклучиво во подрачјето на градот Кушадаси, во провинцијата Ајдин, јави ТРТ Хабер.

Станува збор за видот Centaurea mykalea, познат меѓу локалното население како „Ајдин гашаѓи“ (Aydın Gaşağı) или „тулуша“ (Tülüşah), кој цвета кон крајот на мај и почетокот на јуни. Растението припаѓа на семејството метличини и се истакнува по своите интензивни жолти цветови.
Овој уникатен и загрозен вид расте само на територијата на Кушадаси. Неговиот опстанок е под сериозна закана поради интензивната урбанизација на популарниот туристички регион, како и зголеменото користење на земјиштето за земјоделски цели.


Можете да прочитате

Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца

Норвешки гинеколог скоро 20 години силувал пациентки

Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам