Утрински Весник
Македонија

Вчерашното невреме предизвика големи штети во струмичко

20250606111231 big 730x400 76.webp.webp

Вчерашното невреме проследено со силен дожд, ветер и град предизвика големи штети на земјоделските површини и пластениците во селата Муртино, Еднокуќево и Босилово. Според жители од овие населени места, штети има најмногу на пластениците, кои од силниот ветер се урнати, а поголема површина е поплавена.

Денеска се огласи градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој преку неговиот фејсбук профил информираше дека веднаш е формирана Комисија за проценка на штетите во селото Муртино и ги повика сите кои претрпеле штета од понеделник да ја пријават во Општината.


И градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, информира дека штети се евидентирани во селата Еднокуќево и Босилово и дека од понеделник ќе се знае какви мерки ќе преземат како Општина. 

Можете да прочитате

Циклони од Џенова: Првата половина од февруари многу влажна

Граѓански бунт против казните: Блокиран транзитниот пат во Струмица

Протест против новиот закон за одземање на возила од лица без дозвола