Утрински Весник
Македонија

Минчев: Силна јавна администрација како основа за силна Македонија

Img 3620.jpeg

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на свеченото отварање на 30-ти Јубилејни спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ, кое се одржа во Охрид. Во своето обраќање, Минчев истакна дека овие игри не се само спортска манифестација, туку и симбол на заедништвото, солидарноста и силата што доаѓа од заедничката борба на јавниот сектор и синдикатите.

„Денес не отвораме само спортски игри. Денес отвораме едно поглавје на заедништво, истрајност и солидарност што трае веќе 30 години. Јубилејните игри на Синдикатот на УПОЗ се не само симбол на спортот и дружењето, туку и на борбата за правата и достоинството на трудот во јавниот сектор”, изјави Минчев.


Министерот потенцираше дека јавната администрација е срцето на државата и истакна дека само преку силна, обучена, мотивирана и заштитена јавна администрација може да се создаде држава која ќе му служи на граѓаните, а не на интересите. Тој истакна дека реформите во јавниот сектор треба да се темелат на човекот и на неговите права, а не на партиски интереси.

„Македонија не е само територија, Македонија сме ние, секој службеник, секоја медицинска сестра, наставник, полицаец, инспектор. Македонската администрација е основата на секоја модерна и успешна држава”, нагласи Минчев.

Министерот на крајот на своето обраќање им посака успех на учесниците на спортските игри и истакна дека вистинската сила лежи во заедништвото и поддршката на секој поединец во јавниот сектор.

„Нека овие игри бидат потсетник дека вистинската сила лежи во заедништвото. Нека вашата борба и денес биде борба за подобра иднина, не само на теренот, туку и во секоја канцеларија, на секој шалтер, на секое работно место кај што твори јавниот службеник”, заврши Минчев.

Можете да прочитате

Гоце Тодоровски, Соња Михајлова и Снежана Коневски-Руси добитници на наградите за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Артан Груби конечно се огласи на Фејсбук по шест месеци бегство

Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце – Гевгелија