Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра мора да постапат ОЈО и ДКСК

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Како е можно фирма основана 20 дена пред распишување на тендер, без седиште, вработени, без искуство, без капацитет, баш таква фирма да добие тендер вреден 4 милиони евра? 


Освен со корупција, бизнис врски и лични интереси понинаку дали е возможно? 

Кога фантомски фирми добиваат милионски бизниси тоа е основа за системска корупција во врвот на власта.

Смрди на корупција. И тоа во институција којашто треба да се бори против корупцијата а не да биде извор.

За скандалозниот тендер во МВР институциите не може да бидат неми следачи туку мора да отворат постапки согласно своите надлежности.

Панче Тошковски е фатен жив.

Оновното Јавно обвинителство и Државната комисија за спречување корупција мора да постапат и да го заштитат јавниот интерес, да ја обезбедат правдата а скандалозниот тендер мора да биде поништен.

СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива секоја сомнителна зделка на оваа корумпирана власт. Одговорност мора да има!

Можете да прочитате

Утре мирен народен собир пред резиденцијата на г.г. Стефан за поддршка на епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Доаѓа крај на лошото време – Еве од кога

Филипче: Се потврди дека Мицкоски е продолжена рака на Орбан