Утрински Весник
Македонија

Филипче: Светите Кирил и Методиј се темелот на нашиот македонски јазик, идентитет и култура

Filipce.webp.webp

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Филипче истакна дека браќата Кирил и Методиј не се само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, тие се и темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура.

„ Денеска го одбележуваме Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј – основачите на првото словенско писмо. Браќата Кирил и Методиј не се само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, тие се и темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура.


Нивното дело е вкоренето во националната и културната историја на нашата држава. Нивната мисија не била само образовна, туку била и визија за еднаквост, за почитување на различноста и за напредок преку образование и знаење.

Создавајќи ја првата азбука – глаголицата, продолжена од нивните следбеници, меѓу кои и Свети Климент Охридски, била создадена кирилицата, која е основата за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

Ние, и сите идни генерации, имаме обврска да го почитуваме и негуваме наследството кое Светите Кирил и Методиј ни го оставија. И горди сме што покажавме дека се грижиме за нашето културно наследство, за нашиот македонски јазик. Во периодот на владите на СДСМ беа донесени храбри и државнички одлуки, благодарение на кои денес македонскиот јазик е признат и рамноправен во Обединетите Нации и во Европската Унија.

Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј”, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка

Шукова од Кисела Вода: Приоритет ќе ми биде целосно завршување на булеварот „Борис Трајковски” до Драчево 

Два месеци имав укажувања дека треба да ја повлечам мојата кандидатура за судија во судот во Стразбур, сведочи обвинтелката Ристовска