Утрински Весник
Свет

Украина: Извршен еден од најголемите руски воздушни напади врз Киев

20250524085620 big 730x400 65.webp.webp

Најмалку осум лица се повредени изминатата ноќ во комбинираниот руски напад врз украинскиот главен град со ракети и беспилотни летала, соопшти градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.

Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на Киев, соопшти дека на повеќе локации избувнале пожари, а има и штети од паднати делови од беспилотни летала.


Ноќешниот напад  е еден од најголемите комбинирани руски воздушни удари врз Киев од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, а следува откако во изминатите неколку дена Украинците извршија околу 800 напади со дронови врз Русија, вклучувајќи го и главниот град Москва.

Вчера, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва соодветно ќе одговори.

Можете да прочитате

Четири земјотреси за еден час го стресоа Исланд

Падна социјалната мрежа Х, недостапна е за корисниците

Русија и Украина си разменија уште по 307 воени заробеници