Утрински Весник
Македонија

Филипче од Гостивар: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци

Filipche od gostivar 7 scaled.jpeg

„Да се задолжи земјата 6 милијарди евра и да не се каже кои се условите за заемот, колкава е каматата, кои се роковите е ненормално “, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во синоќешната средба со членството во Гостивар.

„ Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци и сето тоа се крие со еден стратешки договор со Велика Британија. Ја слушав министерката за финансии она кажува британски фирми ќе работат па се збуни кажа после Закон за јавни набавки, ние проверивме не е така”, рече Филипче.


Филипче оценува дека целиот овој процес ја одалечува државата од патот кон Европска унија.

 “Се позајмуваме огромни суми на пари, а притоа е закочен процесот на интеграција во ЕУ. За вакви проекти како што најавуваат тоа е пругата ЕУ дава грантови. Зошто ваков заем со кој ќе задолжиме следни генерации, кога можеме да добиваме грантови и далеку поповолни услови”, праша Филипче.

Можете да прочитате

Македонски Телеком со нови членови во Одборот на директори

Министерот Шабан Салиу излегува од притвор – ќе се брани од слобода

Арсовска добивала закани по живот