Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Влашката зедница има значајна улога во градењето на Македонија

Mickoski 4.jpg

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 23 Мај – Националниот дел на Власите.

Тој вели дека влашката заедница има значајна улога во градењето и развојот на Македонија.


„И во историска и во општествена смисла тие се лојален дел од развојот и постоењето на државата.

Денес Власите активно учествуваат кон трансформирање на државата, нешто за коешто се обврзавме пред граѓаните.

Преку заедничка работа, труд и посветеност ние градиме соживот, но и услови за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.

Свесен сум дека и Власите како и останатите граѓани го живеат тешкото секојдневие на предизвици и препреки, но заедно сите посветено мораме да работиме да ги премостиме сите заеднички проблеми и да донесеме решенија за идните генерации.

Македонија го оди патот на трансформацијата, каде што ќе се почитуваат принципите на владеење на правото, правна држава, бескомпромисна борба против криминалот, како и вредностите врз кој треба да се развива државата, а тоа е исполнување на ветувањата, реализација на проектите и градење на држава во која секој ќе си ја пронајде сопствената иднина и среќа.

Наша обврска и задача е преку толеранција, меѓусебно разбирање и почитување на различностите да продолжиме да живееме и создаваме во ова парче земја и да градиме мостови на пријателство.

Нека Ви е честит 23 мај, Националниот ден на Власите“, пишува во честитката.

Можете да прочитате

Македонски Телеком со нови членови во Одборот на директори

Министерот Шабан Салиу излегува од притвор – ќе се брани од слобода

Арсовска добивала закани по живот