Утрински Весник
Македонија

Поддршка за семејствата: „Кој е следен?“ организира превоз за протестот во Кочани

Img 9510.jpeg

Иницијативата „Кој е следен?“ и оваа сабота најави дека ќе оди во Кочани за да им даде поддршка на родителите кои ги изгубија своите деца во трагичната несреќа. За таа цел, организиран е и превоз за сите кои сакаат да се приклучат.

„Ниеден човек не е остров сам за себе, секој човек е дел од континентот, дел од светот. Смртта на секој човек нè намалува сите нас, бидејќи и ние сме опфатени од општеството. Затоа не прашувај каде треба да бидеш во сабота? Одиме во Кочани. Не смееме да ги оставиме сами! Протестот во Кочани почнува во 16:05 кај Паркот на Револуцијата“, се наведува во најавата на иницијативата.


Ова ќе биде втора сабота по ред како претставници и поддржувачи на „Кој е следен?“ им се приклучуваат на семејствата и граѓаните во Кочани, кои со достоинствен молк и упорност продолжуваат да бараат одговорност за трагедијата што им ги одзеде децата. Пораката е силна, а барањето јасно – вистина, правда и отчетност.

Можете да прочитате

ВЛЕН ги привлекува стратешките инвеститори од Саудиска Арабија во Попова Шапка и агробизнисот

Грејс период од 5 години, исплата на каматите по изградбата – Етапно, а не наеднаш, ќе се земаат кредити од расположливите 6 милијарди евра

Краткотрајно, во Македонија имаме релативно високи температури!