Утрински Весник
Свет

Хаос во Лондон: прекин на електричната енергија парализираше дел од метрото и железничката мрежа

London ga480b5f001920 830x553 1.jpg

Голем прекин на електричната енергија парализираше дел од лондонското метро и железничката мрежа. Сериозен прекин на електричната енергија предизвика хаос денес во Лондон, кога четири клучни линии на метрото и „Линијата Елизабет“ беа суспендирани пред попладневниот шпиц.

Вкупно околу 20 станици низ мрежата се затворени или делумно затворени, вклучувајќи ги и главните центри како што се Падингтон, Ливерпул Стрит и Тотенхем Корт Роуд. Неодамна, хаос беше забележан и во Шпанија и соседна Португалија кога имаше ненадеен масовен прекин на електирчна енергија.


Многу патници беа заробени во возовите повеќе од час и половина, без вода и основни услови. Некои морале да пешачат низ тунелите до најблиската станица, и до 20 минути.

Лондонскиот транспорт (TfL) ги потврди проблемите и им се извини на патниците. Инженерите работат на враќање во нормала што е можно побрзо.

На патниците им се препорачува да користат алтернативни линии: градски автобуси, линиите Лондон Оверграунд, Темзлинк и Саутестерн, и сите прифаќаат билети за метро додека траат проблемите, пренесуваат медиумите во регионот.

Можете да прочитате

Москва не сака прекин на огнот со Украина: „Нема основа за полусрдечни решенија“

САД издадоа предупредување за патувања во Германија

Дрон влегол во латвискиот воздушен простор, НАТО го соборил