Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, попладне нестабилно со краткотрајни врнежи

Dozd.webp.webp

Во саботата на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Утринските температури се движат меѓу 5 и 13, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот од 13 до 26 Целзиусови степени.


Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер, со дневен температура до 24 степени.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на скопска обиколница: Четири лица загинати

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи