Утрински Весник
Македонија

„Максим ве искористи“ претседателот на ОО СДСМ Куманово со порака до членовите на ЗНАМ

493104767 1268373085291205 8817682318977773656 n.jpg

По скандалот со претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски и имотот на неговиот кум, на социјалните мрежи се огласи претседателот на ОО СДСМ Куманово, Дарко Ристовски.

Тој им се обрати на членовите на ЗНАМ со порака дека Димитриевски ги има искористено и подаде рака, сегашние членови на ЗНАМ, кои до вчера беа во СДСМ, да се вратат во матичната партија.


„Верувавте дека носите промени. Дека ќе бидете гласот на разочараните, исправените, чесните. Но денес е јасно – Максим Димитриевски ве искористи. Ве поведе со големи зборови, а зад себе остави само лични интереси и бизнис зделки. Ви велеше „патриотот“ дека со ДУИ никогаш -а денес тргува со ДУИ. Ветуваше борба за народот, а денес се бори само за свој џеб.

Глумеше храброст, а денес ја продава честа за фотелја и привилегии. Максо не се бореше за Куманово. Се бореше за себе. И таа вистина веќе никој не може да ја сокрие.

Но вие, другари, вие не сте дел од таа лага. Вие сте вистинските социјалдемократи.
Луѓе со идеал, со став, со срце за заедницата. Вратите на Нашето СДСМ за вистинските Социјалдемократи се отворени – денес повеќе од кога било. Сега е време за обединување. В

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна