Утрински Весник
Македонија

До крај на месец ќе се знаат повеќето кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, Mицкоски најави историска победа

11112024 Mickoski 22.jpg

Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи убеденост во, како што рече „историски голема победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ“.

MK Summit

Поминува четвртата година од претходните локални избори, најголемиот дел од градоначалниците – 42 се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ или Коалицијата и нема ниту едно основано сомневање за сторен криминал, корупција или сторена злоупотреба. Покажавме и докажавме дека можеме многу подобро да ги управуваме институциите и општините од многу европски земји и голем број од нив се дел од Европската Унија, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Штип.


Прашан колку од актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ може да очекуваат втор мандат, Мицкоски рече дека не би зборувал за имиња, но дека многу во втората половина на мај би излегле со 80-90 проценти од имињата.

Треба да ги погледнеме мерењата на јавното мислење. Многу скоро од денеска, втора половина, крај на мај ќе излеземе со би рекол со 80, 85, можеби 90 проценти од имињата. Се разбира јас пред Извршниот комитет и пред Централниот, се разбира потоа е одлука на Извршниот и Централниот комитет дали ќе ги прифати, нема, ќе има дебата, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонскиот јазик е нашиот бедем и неспорен идентитет – Владата вложува во неговата иднина

Агелер: Дали знаете дека некои американски дипломати учат македонски јазик пред да дојдат во Скопје?

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе