Утрински Весник
Скопје

Меџити: Чаир ја оддаде почитта кон Авни Мула со промоција на улица што го носи неговото име

Img 4399.jpeg

Општина Чаир денес свечено ја промовираше улицата „Авни Мула”, именувајќи еден од своите јавни простори по една од најзначајните личности на албанската музика и култура. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, како и светски познатата сопранистка Инва Мула, ќерка на големиот уметник Авни Мула.

Промоцијата се одржа во деновите кога Чаир е домаќин на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија”, што на овој чин му даде дополнителна симболика и ја поврза богатата културна традиција со современото уметничко творештво.

„Името на Авни Мула не е само име на една улица, туку траен знак на благодарност кон уметник кој ѝ даде идентитет и престиж на албанската култура. Во деновите кога Чаир е центар на уметноста и културата преку Меѓународниот музички фестивал ‘Чаршија’, оваа промоција добива уште поголемо симболично значење. Посебна чест ни беше што овој свечен момент го споделивме со светски познатата сопранистка Инва Мула, која со својата работа и успеси достоинствено ја претставува албанската култура на најпрестижните светски сцени”, изјави Меџити.

Во рамки на свеченоста, градоначалникот Меџити ѝ врачи и плакета за благодарност на Инва Мула, како признание за нејзиниот исклучителен придонес во афирмацијата на албанската култура на меѓународната сцена и за продолжувањето на богатото уметничко наследство на семејството Мула.

Можете да прочитате

Штерјова: ВМРО го труе и Скопје, СДСМ бара одговорност за загадувањето на Лепенец

Набљудување на Месечината од плоштадот „Македонија“, организира Скопското астрономско друштво

Бесплатен панорамски разглед на Скопје