Утрински Весник
Македонија

Митева го објави новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

12102024 Miteva.jpg

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на Извршниот комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева. Според неа, новото раководство обединува жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство.

За генерален секретар е избрана Елена Ивановска, која ја извршува функцијата државен секретар во Министерството за образование и наука. За потпретседателки се избрани Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, и Ленче Нелоска, директорка на Геронтолошкиот завод во Скопје.

Во новиот Извршен комитет членуваат и оперската уметница Ана Дурловска, доцентката и специјалист по дерматовенерологија Мирела Василева, новинарката Ана Шутиновска Лазаревска и етнокореологот Љупка Стефановска.

Дел од составот се и Марија Карапанчева, Андреа Ѓошевска, Надица Андреева, Ружица Николовска, Даниела Димовска, Елена Кочоска, Ирена Алексиоска Папестиев, Маре Богева Мицовска, Наташа Јанушева, Билјана Кузманоска, Ивана Лазаревска, Дијана Илиевска, Драгана Арсова, Катерина Димитровска, Анета Марковска Илиевска, Даниела Трпеска, Марија Нацева, Бети Стаменкоска Трајкоска и Наталија Димитриева.

Новиот состав вклучува жени од различни професионални области, меѓу кои експерти, професори, лекари, правници, директори на јавни институции, пратенички и градоначалнички.

Митева порача дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на создавање поголеми можности за учество на жените во јавниот и политичкиот живот, зајакнување на женското лидерство и нивно активно вклучување во процесите кои, според неа, придонесуваат за развојот на државата.

Можете да прочитате

Вонредно прскање против комарци вечерва во Драчево поради западнонилската треска

Task Force удри по нарко-криминалот: 241 приведен, 131 претрес и десетици килограми дрога

Девојка голтнала хероин кога забележале полициска патрола, завршила на Токсикологија