Утрински Весник
Македонија

Пратеникот од Левица, Јанчев денеска пристигнува во Скопје по над 150 километри испешачени во чест на Гоце Делчев

20250504094332 big 730x400 4.webp.webp

Соопштение на Левица:

MK Summit

Денес, по четврти ден пешачење и поминати над 150 километри, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, пристигнува во Скопје со што ќе го заврши годинешниот „Марш за Гоцевите идеали” – симболична и револуционерна почит кон делото и борбата на Гоце Делчев.


Ова е петта година по ред како Јанчев го реализира овој подвиг, започнувајќи од Гевгелија завршувајќи пред вечното почивалиште на Гоце Делчев во Скопје.

Левица ја поздравува и поддржува оваа традиција, која претставува жив спомен на револуционерната мисла, но и практична борба против заборавот и политичката амнезија. Левица ќе продолжи да ги одржува и негува вредностите за кои се бореле македонските револуционери.


Можете да прочитате

Семејствата на загинатите во „Пулс“ бараат финансиска помош и снимање на судската постапка

Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

На сред судење вербално нападната судијката која одлучува по спорниот случај со мајката Невена