Утрински Весник
Македонија

Алкохол, паника и бегство – рација на МВР на концерт со малолетници во Дојран

Img 8603.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На социјалните мрежи се алармира за инцидент во локал во Дојран доцна синоќа. Како што споделува на Фејсбук, имало рација за време на концерт, а голем број малолетници почнале да бегаат. Инаку тие биле служени со алкохол. 

– Синоќе во Дојран имаше концерт, во 22:30 влегле полиција да прават рација, во моментот кога влегле полицајците бидејки имало огромен број на малолетници некои почнале да скокаат преку ограда и да бегаат по плажата од полицајците.


Полицајците успеале да приведат над 20 малолетници, констатирале дека се служи и алкохол на малолетници, е сега дали ке го затворат локалот или ке напишат казна тоа не знам. Друга и многу битна работа е дека на народ на над 2000 гости обезбедување имало само 5 луѓе, што автоматски значи дека на таа бројка на народ тоа обезбедување е нефункционално тоес исто како да го нема! Претходно газдата на врата имал негово обезбедување кое било нелегално, но откако му јавиле дека ке има рација го повикал легалното обезбедување и нив ги ставил на врата за да направи маска на полицијата дека се е во ред, алармира граѓанин, а неговата објава вирално се споделува. 

Се очекуваат официјални информации од Министерството за внатрешни работи. 

Можете да прочитате

МЖСПП: Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките

Миноски: Економските мигранти се последно решение за проблемите на пазарот на труд

СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ, власта сака целосна контрола