Утрински Весник
Македонија

ЦИВИЛ: Работничките права се човекови права – борбата продолжува!

Civil.jpg

Соопштение на ЦИВИЛ:

MK Summit

ЦИВИЛ им го честита 1 Мај на сите работнички и работници во Република Северна Македонија и во светот. Овој ден е посветен на работничкиот протест и на гласните барања да се подобрат условите за работа и почитувањето на достоинството и правата на работничките и работниците.


Работничкото незадоволство е сè поголемо  во Северна Македонија. Потрошувачката кошница е во пораст, а платите остануваат исти. Нема зголемување предвидено со колективните договори, Владата и работодавачите немаат слух за работниците и зголемување на минималната плата на 500 евра и останатите плати најмалку 100 евра, а условите за работа во многу работни средини сè уште не ги исполнуваат стандардите.

Работниците во Република Северна Македонија се меѓу најслабо платените во Европа. Тие често не примаат ни минимална социјална, здравствена и правна заштита. Дел од работниците работат во ужасни услови, најчесто без основни средства за заштита на работното место. Мобингот сѐ уште е присутен, а законската заштита од него останува недоволно видлива.

Во земја во која работникот е со наведната глава пред неправдата, за да си го зачува работното место, зависен од политичките афилијации и нивната волја, како и врските што ги имаат со работодавачите, се покажува тешко да се извојуваат права кои им следуваат според закон, но и според Устав.

Дополнително иселувањето, сиромаштијата, несигурноста, условите за работа, заштитата при работното место, здравството, образованието и можностите за доквалификација или преквалификација – се исто така дел од сите неволји со кои се соочува работниот човек, како во нашата, така и во повеќе земји низ светот.

Работничките права се човекови права!

На Меѓународниот ден трудот, уште еднаш, гласно бараме од синдикатите, граѓанските организации, политичките партии и сите што се декларираат дека се борат за социјална правда и работнички права, тоа да го прават искрено, секојдневно и да не се откажуваат од борбата и заложбите за почитување и заштита на работничките права, одговрни во заложбите за надминување на социјалните неправди и кршењето на човековите права и слободи!

ЦИВИЛ бара од сите одговорни институции решително да ги заштитат работничките права, затоа што задоволен работник е продуктивен работник, кој не помага само на секторот во кој работи, туку и економскиот и социјален стандард на државата.

Можете да прочитате

Тошковски: Истрагата за пожарот во Кочани открива незаконито постапување и институционални пропусти

Меџити: Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок

Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно – пораки од првомајскиот протест во Скопје