Утрински Весник
Македонија

„Марш за ангелите“ утре во Скопје организираат родителите на настраданите во клубот „Пулс“ во Кочани

20250428100305 big 730x400 86.webp.webp
Dik 300x250 mk

Утре во Скопје ќе се одржи протестен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани.

Маршот ќе почне пред Oбвинителство во Скопје во 12 часот и 5 минути, како симболика за задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.


– Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со „фати, па пушти“, без да има јасно образложение за таа законска процедура, и што се создава во нашите мисли кои се на работ на себеуништување, се истакнува во писменото известување од семејствата.

Во повикот тие нагласуваат дека и понатаму ќе бараат одговори за насилната смрт на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на Македонија.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош