Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Конечно, следува стабилизирање на времето и многу сонце!

Meteoalarm.mk 72 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Уште денес (понеделник 28 април) во нашата Република Македонија времето ќе биде променливо облачно со појава на локален дожд. Од утре (вторник 29 април), па се до четврток (1 мај) времето кај нас ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност, а  и температурите ќе бидат во пораст преку ден.


Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопскиот регион денес (понеделник 28 април)  времето ќе биде променливо облачно со услови за локален слаб дожд. Од утре (вторник 29 април) па се до четврток (1 мај) времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево со повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Во Скопје таа ќе се искачува до околу 27/28 степени. Не се исклучува можоста во Повардарието температурите локално да се искачат  и до 30 степени.

Сепак, утрата ќе бидат посвежи со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени.

Поради тоа што за 1 мај очекувам стабилно, суво, топло и претежно сончево време, иако ветровито, сепак, ќе биде топло преку ден, уште одсега можете да си планирате каде би оделе на прошетка  и каде би правеле скара на отворено и да уживате во првомајското преубаво време.

Можете да прочитате

Темни облаци и град со големина на орев повторно во Охрид (ВИДЕО)

Не тргнувајте од Скопје кон Тетово – редици долги со километри на автопатот поради несреќа

Пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни