Утрински Весник
Свет

Израел изрази сочувство три дена по смртта на папата Франциск

20250425072941 big 730x400 38.webp.webp

Израелската влада синоќа изрази сочувство за смртта на папата Франциско, три дена откако почина 88-годишниот поглавар на Католичката црква.

„Државата Израел изразува најдлабоко сочувство до Католичката црква и католичката заедница во светот поради смртта на папата Франциско“, објави канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.


Односите меѓу Израел и Светата столица значително се влошија од почетокот на израелската офанзива врз Газа. Папата Франциско честопати ги критикуваше постапките на Израел во палестинската енклава, каде што живеат околу илјада христијани.

Израелската влада претходно изрази сочувство за смртта на Франциско во понеделникот, но ја избриша објавата по неколку часа.

За разлика од другите земји кои ќе бидат претставени од највисоките функционери на погребот на папата в сабота, Израел испраќа само амбасадор, објави „Тајмс оф Израел“.

Можете да прочитате

„Вашингтон пост“: Кенеди-центарот пред банкрот, можно е да биде затворен уште утре

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела

Одложени разговорите меѓу Иран и заливските држави за Ормуз