Утрински Весник
Македонија

Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

Krv Transfuzija.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира крводарителска акција на 30 април со која ќе го одбележи 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите. Акцијата ќе се одвива координирано на неколку локации во земјава.

„На 30 април 2025 во терминот од 08:00 до 14:00 часот драгоцената течност која спасува животи ќе може да се дарува во Скопје во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (ДХО „Даре Џамбаз“). Во исто време во просториите на службите за трансфузиона медицина во Клиничкиот центар Битола, во Општата болница во Струмица, ЈЗУ Општа болница Прилеп и во Клиничкиот центар во Штип крв ќе може да се дарува од 09:00 до 14:00 часот“, велат од ССНМ.


Крводарителската акција, која Синдикатот ја организира трета година по ред, се одржува во соработка со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и со поддршка на Црвен крст на град Скопје. Со цел ефикасно организирање на оваа солидарна акција пријавувањето е на електронската пошта на ССНМ – contact@ssnm.org.mk.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе