Утрински Весник
Македонија

Отворена хуманитарно-продажната изложба во НУЦК „Бели мугри“ за повредените во „Пулс“

Izlozba kocani humanitarna 4.jpg

Центарот за култура „Бели мугри“ вечерва беше домаќин и организатор на хуманитарно-продажната изложба на донираните ликовни и книжевни дела, за подршка на настраданите во трагичниот настан што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“.

На настанот беа претставени повеќе од 100 уметнички и над 300 книжевни во повеќе галериски простории при кочанската културна установа.


За поздравување е и најмлад автор и донатор Адонис Силов кој донираше уметнички слики.

Македонски моден дизајнер, Златко Јовановски донираше фустан, а неговат вредност се проценува околу 2 илјади евра.

Средствата од секое продадено донирано дело од културните дејци е директна подршка на нашите настрадани сограѓани.

Изложбата ќе биде поставена во наредните 14 дена.

Директорката на „Бели Мугри“, Габриела Стефановска истакна дека изложбата е интернационална бидејки отстапени се дела на уметници од Европа и Америка и голем број книжевни дела на издавачки куќи.

Ликовниот уметник м-р Александра Димитрова, од „Бели мугри“ рече дека изложбата и отстапените дела за аукција од авторите само ја покажуваат солидарноста и хуманоста на уметниците за градот Кочани.

На отворањето од страна на роднокрајните автори, членови на ЛК „Копнеж“ ,Блашка Стојкова и Далибор Стојанов беа прочитани авторски дела инспирирани од кочанската трагедија.

Можете да прочитате

(Фото) Вечерва тешка сообраќајка во центарот на Скопје – две возила се судрија

Снопче: Ако Мицкоски ни покаже излез – веднаш ќе си заминеме од Владата

Поради боево гаѓање утре од 8:00 до 15:00 часот забрането секакво движење кај Виречка Полјана, Делчевско