Утрински Весник
Свет

Германија во 2024 од Кина набавила 65,5 проценти од ретките метали

20250423102152 big 730x400 19.webp.webp

Германија е особено зависна од Кина кога станува збор за ретки земјени метали, и во 2024 година увезла 3.400 тони, или 65,5 отсто од вредните суровини од таа земја, соопшти денеска германскиот завод за статистика Дестатис.

Иако ова е намалување од 69,1 проценти увезени од Кина во 2023 година, кога вкупниот обем на увоз беше поголем, некои елементи, вклучувајќи ги неодимиум, прасеодимиум и самариум, кои се користат за постојани магнети во електрични мотори, на пример, беа речиси целосно снабдувани од Кина, пренесе ДПА.


Во целата Европска Унија, 46 проценти од увозот на ретки метали потекнува од Кина, а потоа следат 28,4 тсто од Русија и 19,9 отсто од Малезија.

За германскиот пазар, втор најголем снабдувач на ретки метали во 2024 година беше Австрија, со 23,2 отсто од увозот, а потоа Естонија со 5,6 проценти. Меѓутоа, статистичката агенција забележа дека двете земји вршат преработка на ретки метали, што значи дека потеклото на самата руда не може да се утврди.

Кина е еден од главните снабдувачи на ретки метали на глобално ниво, а Пекинг го користи ова како лост во трговската војна што ја почна американскиот претседател Доналд Трамп.

Вашингтон, пак, бара да склучи договор за минерали со Украина, што ќе му овозможи пристап до ретките метали на земјата.

Киев, од своја страна, се надева дека договорот ќе ги зајакне неговите односи со САД и ќе ја обезбеди долгорочната поддршка на Вашингтон како заштитна сила. 

Можете да прочитате

Невиден пожар во Њу Џерси: Зафатена шума, илјадници луѓе се евакуирани

Луѓето скокаа од височина во паника – Над 150 повредени во земјотресите во Истанбул

Зошто папата не може да биде донатор на органи и по смртта