Утрински Весник
Македонија

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

Pozar Kocani 3.jpg

Во болниците во Македонија сè уште се лекуваат пет пациенти oд пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На клиниката за пластична хирургија се наоѓа една пациентка, додека уште двајца пациенти се сместени во стара Градска болница, двајца пациенти се хоспитализирани во приватната болница „Систина“.

Во странство се лекуваат 44 пациенти. Состојбата на двајца од нив и натаму е критична. Во саботата од Ниш пристигна пациент кој беше згрижен на клиниката за пластична хирургија и веќе наредниот ден по направените анализи беше пуштен на домашно лекување.


Здравствените власти велат дека имаат редовна комуникација со странските болници и ја следат состојба на сите пациенти.

Во пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март загинаа 62 луѓе, а речиси 200 беа повредени. Голем дел од повредените беа испратени на лекување во странство.

Можете да прочитате

Брза кражба: Во домот на Битиќи за 3-4 минути исчезна сефот 

Потрошувачката кошничка за април повисока за 836 денари во однос на март

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи