Утрински Весник
Македонија

Гужви на граничните премини кон Грција и Србија – еве по колку се чека

Granica Mkd.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

И денеска се забележуваат гужви на граничните премини кон јужниот и северниот сосед на земјава. Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ), на преминот Табановце кон Србија се чека од 20 до 30 минути и во двата правци – и за влез и за излез од државата. Патниците кои се упатуваат кон Грција преку Богородица или Дојран може да очекуваат чекање до 15 минути.

Од АМСМ информираат дека засега нема пријавени подолги задржувања или вонредни ситуации на патиштата. Сообраќајот надвор од урбаните средини се одвива со умерен интензитет. Возачите се повикуваат на внимателно возење, особено на делниците каде што се изведуваат градежни активности.


Се очекува интензитетот на сообраќајот да се зголеми во попладневните часови, особено на патиштата кои водат кон туристичките дестинации. Од АМСМ апелираат до возачите да планираат патувања со доволно време и да ги следат актуелните информации за состојбата на патиштата.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен