Утрински Весник
Македонија

Денеска ново рочиште за предметот „Пулс“

Kocani sud puls.jpeg

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со вкрстени испрашување од одбраната на тимот градежни вештаци, кои го изработиле градежното вештачење на Обвинителството.

На минатото рочиште, тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, повеќе од четири часа одговараше на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски – сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев.

Вештите лица кои учествувале во изработката на градежното вештачење на Обвинителството, одговараа на прашања за пренамената на објектот за вршење угостителска дејност согласно Деталниот урбанистичко план и правилници, градежните активности и пренамени на објектот, барањата за издавање лиценци за работа, надлежните за стручен надзор, како и службените обврски на градежните инспектори…

Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври